19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајново од Бимилк: Баланс + cвежо млеко

Најново од Бимилк: Баланс + cвежо млеко

balans plus

Во ресторанот Déjà vu Бимилк го претстави првото функционално свежо млеко на пазарот, „Баланс +“. Производот е наменет за сите оние кои се трудат да водат активен животен стил и во својата исхрана да внесат колку може повеќе здрава храна полна витамини и хранливи состојки.

„Баланс +“ свежото млеко ги обединува здравствените придобивки од консумирање на свежо млеко и пребиотик инулин, состојка која помага во процесот на варење на храната и која го забрзува метаболизмот. Дејството на пребиотик инулинот овозможува чувството на леснотија преку целиот ден која се добива со редовно користење на „Баланс +“ производите.

bimilk press

Богатиот вкус на свежото млеко и ниската масленост од само 1% млечна маст го прават „Баланс +“ свежото млеко одличен избор за појадок секогаш кога сакаме свеж и вкусен почеток на денот.

Практичните пакувања од 750мл. веќе се достапни во супермаркетите низ целата земја. „Баланс +“ свежото млеко не е потребно да се вари пред консумирање, за зачувување на неговата свежина доволно е да се чува во фрижидер и да се користи во рок од три дена по отворање на пакувањето.

bimilk press2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП