28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAUDI AG: најсилниот септември досега со испорачани 159.950 автомобили

AUDI AG: најсилниот септември досега со испорачани 159.950 автомобили

A6 avant1

„Audi“ продолжува да расте. Со околу 159.950 испорачани автомобили и со раст на  продажбата за 6,4%, компанијата постави нов рекорден месец, а тоа е 57-миот рекорден месец по ред.

Забележан е најдобриот септември досега за брендот со четири прстени. Растот на продажбата беше особено силен во Северна Америка, дури 17,6%. Во светски рамки испораките се зголемија за 10% во првите три квартали од 2014-та година или околу 1.298.650 испорачани автомобили.

„Со приближно 1,3 милиони испорачани возила во првите девет месеци од оваа година, ние поставивме нов рекорд. Особено зголемување забележавме на пазарот во Северна Америка кој е двигател на нашиот раст“, изјави Лука де Мео, член на одборот за продажба во „AUDI AG“.

„Наша цел е, за прв пат во една година, да им испорачаме повеќе од 200.000 „Audi“ автомобили на клиенти во САД, Канада и Мексико“, додава Де Мео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП