27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Tesla S има два електромотори и преку 650ks

Новиот Tesla S има два електромотори и преку 650ks

tesla turbo

Вчера на јавноста и беше претставен моделот „Tesla S“ со високи перформанси и погон на сите четири тркала.

Имено, под ознаката „P85D“, е сокриено многу од она што досега во областа на електричните автомобили неможеше да се замисли.

Пред се внимание треба да се посвети на „dual“ електричната погонска конфигурација која ја сочинуваат два независни електро мотори. На предната осовина е мотор од 188 KS, а на задната од 470 KS.

Покрај тоа што заедно произведуваат 650 KS комбинирана моќ и 983 Nm вртежен момент, „S P85D“ со тоа доби и погон на сите четири тркала!

Вака освежениот модел „Tesla S P85D“ до „стотка“ забрзува за 3.3 секунди со максимална брзина од 250 km/h.

Како што наведуваат од „Teslа“, во поволни услови, автономијата на овој модел изнесува преку 400 километри помеѓу две полнења на акумулаторите!

Исто така, позната е и цената на овој модел, а таа ќе изнесува од 144.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП