28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.10.2014

Дневен хороскоп 10.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Месечината во Бик ви носи нови деловни понуди, но внимавајте да не прифатите така лесно се што ви се нуди бидејќи Меркур, планетата на бизнисот, има лошо влијание врз вас. Имате потреба на сите да им покажете колу сте активни, способни и подготвени да ризикувате. Внимавајте само мал број пријатели се искрени со вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот е поволен за средби со Девица, Јарец, Рак или Шкорпија. Рибите можат да ви излезат во пресрет за нешто многу важно. Можен е неочекуван повик за состанок на кој ќе се разговара за нешто многу важно. Не ги пропуштајте шансите кога станува збор за соработка со лица кои се разбираат во големи бизниси и банкарство.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Несигурни сте во себе и прилично неспокојни поради многуте околности кои не се поволни или поради ситуацијата која малку ви излегува од контрола. Верувајте во добронамерноста на еден Лав и некој Стрелец кои ве наговараат на заедничка работа со странци. Можни се вести за важни нешта околу работата во странство.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Верувате дека ќе успеете да ги убедите Јарецот и Шкорпијата да ви дадат уште една шанса. Вашите ставови за многу прашања се менуваат под влијание на она што го слушате за вас. Мислите дека некој ви подготвува освета или замка во која можете да паднете. Не се преоптеретувајте премногу со она што ќе го слушнете од некоја Водолија за вашите финансии.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате прилика да се докажете во работата со странци или во некоја голема компанија. Не сте сигурни дали ќе ве прифатат некогашните колеги а не сакате да ризикувате и премногу да се потпирате на мислењето на оние кои ве сакаат. Многу ви е важно да ја добиете довербата од лицата кои кон вас се воздржани.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денот е активен и полн со различни обврски а помош ќе добиете од еден Бик, Рак или Јарец. Ќе добиете прилика да дојдете до некои пари на кои не сте сметале. Можете подобро да се снајдете во друштво на водените знаци ако бидете искрени.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Немате многу причини да имате доверба во лицето кое со вас е прилично воздржано. На некој му значи да ви нагласи дека можете да сметате на него во секој момент, но вие сте тврдоглави, особено ако станува збор за некое лице кое ве изнервирало повеќе пати. Муабетите кои во околината ќе ги слушнете за себе непријатно ќе ве изненадат, а тие се дело на некој ваш пријател.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Подобро е да не се впуштате во непотребни расправии со оние кои имаат различно мислење од вас. Многу лица ви завидуваат и не се искрени со вас. Можно е да имате проблеми со некој Лав, а сето тоа да резултира со голема нервоза. Некој ќе ви постави услови, а вие ќе мора да ги прифатите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ќе бидете тврдоглави и нема да ги слушате советите, така што ќе се доведете во лоша ситуација од која повторно ќе побарате помош од некоја Вага. Ако некоја Шкорпија наеднаш ви се приближи да биде ваш верен пријател, внимавајте на нејзините намери.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Верувате дека со промена на ставот ќе успеете да ја стабилизирате неповолната ситуација во која се наоѓате. Верувате во помоштта од некој Рак или Девица. Овозможете си втора шанса, не се обесхрабрувајте. Можна е средба со лице кое долго не сте го виделе.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате повеќе начини како да го решите проблемот кој се однесува на недвижнини или односите со членовите од семејството. Некој е инаетлив а на вас тоа ви оди на нерви. Кажете го јасно вашиот став, не е добро да ги залажувате вашите блиски. Можно е да добиете некоја закана.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате прилика да го поправите односот со некој кој ви е исклучително драг а во последно време не сте се сложувале. Ве загрижува соработката со некоја Вага или Шкорпија кои секогаш ви поставуваат услови. Немате на кого да му се доверите и таа ситуација ве нервира. Во сферата на финансиите не сте воопшто практични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП