19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Symantec најавува поделба на две посебни компании

И Symantec најавува поделба на две посебни компании

symantec111

Познатиот американски производител на безбедносен софтвер „Symantec“ би можел наскоро да го подели своето работење во две посебни компании.

Се шпекулира дека компанијата е во многу напредна фаза во својата намера и дека се извршуваат последните консултации и подоготовки. Од двете нови компании, едната би се занимавала со основната активност на „Symantec“, продажба на безбедносен софтвер, додека другата би била задолжена за услугите за чување на податоци.

Една од можните причини за ваквата поделба на работењето би можела да биде и потенцијалната продажба на компаниите на заинтересираните инвеститори, и тоа во делови.

Како можни купувачи на самостојните безбедносна или „cloud“ компанија, се споменува исто така „cloud“ компанијата „EMC“, како и „Hewlett-Packard“ која и самата се наоѓа во процес за поделба на работењето во два посебни дела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП