26 февруари, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.10.2014

Дневен хороскоп 09.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Постои можност за мали конфликти со некои Близнаци или Девица. Верувате во планот за остварување на подобри односи со соработниците, но не избрзувајте со потезите. Не полимизирајте со некоја Девица во врска со финансии и инвестиции.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ова би можел да биде стресен ден, особено ако сте родени во април а имате големи амбиции. Можно е да се наоѓате растргнати помеѓу желбите и реалноста. Она што за вас во моментов е најдобро е да не бидете премногу упорни во докажувањето на правдата и не се надмудрувајте. Очекувајте повик од една Вага во врска со нова работа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Верувате дека една Девица ќе го одржи ветувањето. Пресметајте ги вашите финансиски средства и паметно распределете ги. Не се заморувајте со решавањето на вашиот статус на работното место, има време за тоа. Можен е некаков пат на кој дополнително ќе се усовршите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ова за вас е ден во кој ќе уживате, ќе се опуштите и нема да размислувате на проблемите. Во вечерните часови закажете ја средбата која долго време ја планирате. Ќе поминете одлично доколку сите ваши размислувања ги поврзете со оптимизмот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашите амбиции се насочени како кон успехот така и кон друштвениот живот, но парите ви создаваат проблеми. Се трудите на најдобар начин да заштедите некој денар, но тоа не се случува. Имате одлична соработка со еден Бик и внимавајте да не ја нарушите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе сфатите дека можете да имате многу поголема корист ако се воздржите од глупавите коментари кои на некого му одат на нерви. Една Вага или Шкорпија ќе ве предомислат во намерата да инвестирате во некое ваше хоби. Овој период е одличен за вашето време да го поминете во големо друштво.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се чувствувате прилично „нападнати“ од страна на вашите блиски лица но сето тоа е поради вашите себични постапки. Се обидувате да докажете нешто, но тоа не е добро прифатено од околината. Ќе имате голема потреба од одмор. Некоја Девица јавно ќе ве критикува.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Одличен ден за соработка со некој Јарец или Бик. Овенот помалку ве иритира и не сте подготвени да му попуштите иако знаете дека сепак тој е во право. Попуштете во непријтните ситуации и најдете начин за решавање на истите. Во вечерните часови ќе имате зголемено ниво на среќа, играјте некоја игра на среќа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Со задоволство ги трошите парите но не правите реални планови во што да ги вложите. Денес финансиите ќе ви бидат најважни. Внимавајте на големите трошоци што си ги создавате, скратете некој од нив. Некоја Вага ќе побара стручна помош од вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе прифатите некои обврски за кои реално не сте подготвени и поради тоа нервозата ќе ве надвладее. Некој ќе посака искрен разговор со вас, но вие нема да најдете време за тоа и поради таа постапка можно е да го загубите кредибилитетот. Постои некое изненадување кое може да биде непријатно за вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Чувството на задоволство не ве опушта доволно. Ќе постојат некои расправии и дебати во врска со вашата иднина, а вие нема да сакате да учествувате во нив. Послушајте ги добрите намери на некој Рак или Риба. Имате свои цели и јасно ви е што сакате но околината ве задушува.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Иако сте прилично конфузни, преморени и неорганизирани, вие всушност знаете што сакате и што правите. Ќе добиете прилика да разговарате со некој Бик кој ви е доста близок и од него ќе добиете исклучително вредни совети. Послушајте ги, тој има искрени намери. Внимавајте каде, што и пред кого говорите, можно е вашиот муабет да излезе во јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП