16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБрендот Volkswagen патнички возила испорача 4.560.000 возила од јануари до септември 2014-та...

Брендот Volkswagen патнички возила испорача 4.560.000 возила од јануари до септември 2014-та

patnicki golf

„Volkswagen“ патнички возила испорача 4,56 милиони автомобили во првите три квартали од оваа година. Истиот период во 2013-та година испорачани беа 4,43 милиони возила со што забележан раст од 3%.

„Брендот „Volkswagen“ патнички возила има поголема придобивка од останатите поради добриот  развој на настаните во Западна Европа и поради позитивниот тренд во Кина, каде што за прв пат во првите три квартали  испорачавме повеќе од два милиони автомобили“, изјави  во Волфсбург Кристијан Клинглер, член на одборот за продажба и маркетинг на групацијата „Volkswagen“ и на брендот „Volkswagen“ патнички возила.

„Целосно поинакви се состојбите во Русија поради моменталната неизвесност и во Јужна Америка каде што се забележува надолниот тренд на пазарот, „Volkswagen“ минатиот месец секако не  беше целосно имун на овие случувања“, додаде Клинглер.

Покрај сите предизвици, брендот во септември сепак забележа нагорен тренд, со 534.800 испорачани возила остварен е раст од 0,2%. За  споредба во септември 2013-та година беа испорачани 533.700 „Volkswagen“ патнички возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП