27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM до 2025-та ќе има само 4 платформи

GM до 2025-та ќе има само 4 платформи

General Motors

„General Motors“ моментално користи дури 26 различни платформи за производство на голем број на модели на возила, меѓутоа со новиот Извршен директор, Мери Бара, американскиот автомобилски гигант најавува дека до 2025-та, овој број би можел да се намали на само 4 основни платформи.

Бара оваа информација ја даде пред неколку дена, а инсистира на изразот на основни платформи, затоа што моделите како „Chevrolet Corvette“ и големите пикапи и по 2025-та ќе ги задржат своите специјални платформи.

Со ваквата стратегија „GM“ би требало да заштеди пари на компоненти, но и да го забрза целото производство. Слични потези веќе превземаа другите автомобилски производители, групацијата „BMW“, „Fiat-Chrysler“ групацијата, „Mercedes“, „Renault-Nissan“, „Volkswagen“, како и јапонска „Toyota“ и американски „Ford“.

platformi gm

Иако се уште во детали не е објаснето според кои сегменти ќе бидат поделени четирите платформи, се верува дека постои една за субкомпактните и копактните возила (D2XX); друга за автомобилите со преден погон и кросоверите (E2XX); една за моделите на заден погон и една за големите пикапи и камионети со заден погон (K2XX).

Нормално, трансформацијата ќе го чини „GM“ милијарди, но долгорочните пресметки се позитивни. Како совршен пример за оваа филозофија се наведува групацијата „Volkswagen“ која планира да произведе скоро 8 милиони возила базирани само на „MQB“ платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП