29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи ќе добие надомест доколку Коста се повреди

Челзи ќе добие надомест доколку Коста се повреди

Diego Costa

Менаџерот на „сините“ од Лондон, Жозе Мурињо не успеа да го спречи настапот на Диего Коста за Шпанија, но затоа Челзи ќе добие надомест во случај на повреда на напаѓачот.

Португалецот во последните недели повеќе говореше за исцрпеноста на Коста, отколку за натпреварите, но не го увери Винсенте дел Боске да го изостави од списокот на репрезентативци.

Доколку Коста, сепак доживее повреда против Словачка или Луксембург, Чезли за секој ден од неговото отстуство ќе добие 20.000 евра, благодарејќи на програмата на ФИФА за заштита на клубовите.

Коста минатото лето пристигна во Челзи од Атлетико Мадрид, а во својата дебитанска сезона во Англија веќе постигна девет голови во Премиерлига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП