20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJapan Tobacco ќе затвори две фабрики во Европа?

Japan Tobacco ќе затвори две фабрики во Европа?

japantobaccojapan5v4t4gt

Јапонскиот производител на тутунски производи „Japan Tobacco“ размислува за затворање на две фабрики во Европа и намалување на производство во уште една фабрика.

Доколку биде донесена одлуката за затворање, тоа би можело да резултира со укинување на 1.100 работни места.

Во соопштението на јапонската компанија се наведува дека се планирани разговори со синдикатите на вработените во Северна Ирска и Белгија за затворање на тие две фабрики, додека еден дел од производството во Германија би требало да биде намален или преместен, пренесува агенцијата Франс прес.

„Japan Tobacco“ ќе преземе соодветни консултации со претставниците на вработените и Европскиот совет за труд за предлог измените на потеклото на своите производи, што може да доведе до затворање на некои производствени погони“, се наведува во соопштението на јапонската компанија, во кое додаваат дека главна причина за оваа одлука е неповолната деловна довераба во Европа, но и даноците и острите прописи во поглед на пакувањето на цигарите.

Од компанијата, еден од најголемите светски производители на цигари позната по брендовите „Camel“ и „Winston“, наведуваат дека еден дел од производството би можел да биде префрлен во Полска и Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП