25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.10.2014

Дневен хороскоп 08.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Многу сте активни во деловниот свет, но не дозволувате тоа да влијае на вашиот социјален живот. Можни се моменти на зголемена нервоза. Покажувате голем интерес за соработката со некоја Риба, Вага или Рак.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ако застанете и убаво ги размислите случувањата, и ако бидете подготвени за компромис, можен е договор со некоја Шкорпија, но не го користете Ракот како посредник. Не ги прифаќајте толку емотивно настаните околу вас. Обидете се малку да се завртите кон себеси и да уживате.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Треба малку пореално да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате, особено во работата. Не се расправајте со некој Овен ниту со Близнаците родени во мај. Некоја понуда за соработка ќе биде токму она што го чекавте подолг период.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете внимателни во соработката со некој Бик, Лав или Вага, може да ви подготват многу непријатно изненадување. Финансиите и понатака се неизвесни. Борете се да ги совладате сите предизвици, нема откажување.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Потребна ви е тактичност во разговорите а не високиот тон кој го употребувате. Обидете се дипломатски да постапите. Во деловните преговори не постои напредок. Со некоја Вага или некој друг Лав не навлегувајте во длабоки разговори.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате впечаток дека некој е подготвен да го прекрши вашиот договор и да ве изневери, да направи нешто што не е по ваша волја па дури и да ве измами. Внимавајте на Рибите, Ракот или Јарецот, тие можат брутално да ве предупредат. Неповолен ден за деловни комуникации.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Активен ден во кој ќе ги преземете сите обврски и проекти, ќе го соберете тимот на разговор и ќе ги поставите вашите цели пред сите. Ќе имате проблеми со оние кои пасивно ќе работат. Денот поминете го без кавги бидејќи вие ќе го извлечете подебелиот крај.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Претераната амбиција не ви носи ништо добро, вие тоа ќе го сватите и набрзо ќе станете свесни за вашите реални потенцијали. Чекате некој да каже нешто убаво за вас, но тоа нема да се случи. Разговарајте со личноста која ви нуди помош.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Чекате некој повик од кој се надевате дека ќе дознаете се што ве интересира. Нема да ве изневери Шкорпијата во која се сомневате, но некоја Вага ќе се обиде да ви ги промени плановите. Без нервоза и без кавги, постапете паметно.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Одговорете на повикот од личноста која долго време се обидува да стапи во контакт со вас. Без оглед дали таа носи позитивни или негативни вести. Ќе ви бидат потребни самокритични работници кои ќе ви помогнат и вие да успеете да си ги пронајдете грешките. Приватните проблеми средете ги со низок тон, не го покачувајте тонот на вашите драги лица.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Верувате дека можете целата околина да ја убедите да постапи на ваш начин. Некој нема да ве сфати сериозно па ќе си поигра со вашите планови. Неискреноста од блиските лица буквално ќе ве сруши. Денот е премногу напорен за стабилни чекори. Смирете се и почекајте поповолен период.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денот е погоден за сите оние кои знаат што сакаат и најверојатно тие лица ќе одлучат да отпатуваат негде. Обидете се да се договорите со Близнаците или Стрелецот за некои важни прашања. Можен е повик од странство кој многу ќе ве израдува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП