25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord подготвува нов GT?

Ford подготвува нов GT?

gt ford 24

Aмериканскиот производител работи на нова верзија на супер-спортскиот модел „GT“ кој би требало да се појави во 2016-та.

Новиот „Ford GT“ би се појавил десет години по престанувањето на производството на својот претходник и 50 години од првиот триумф на легендарниот „Ford GT40“ на трката 24 часа Ле Ман.

Засега се познати многу малку детали, но се очекува дека новиот „Ford GT“ ќе има централно поставен мотор и дека ќе биде дизајниран по примерот на претходните „Ford GT“ модели.

Според информациите кои се појавија во медиумите, за погонот на овој модел ќе биде употребен 5.2-литарски „V8“ агрегат кој ќе се најде и во новиот „Mustang GT350“, а кој во „Ford GT“ би произведувал околу 625 ks.

Се шпекулира и за тркачка верзија која повторно би се натпреварувала на Ле Ман, а во која ќе се најде 3.5-литарски „EcoBoost V6“ мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП