25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.10.2014

Дневен хороскоп 07.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Животот ви се подобрува, а што е уште поважно ќе се чуствувате способни и јаки да се соочите со постојните проблеми. Неодмереноста на некои Девици ќе им донесе проблеми на работното место или во контактите со пријателите. Работата ќе ви предизвикува стресови и проблеми, а односите со соработниците ќе ви бидат напнати. Не обрнувајте внимание на неважни работи, сето тоа успешно ќе го надминете.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. За сите кавги во семејството вие ќе пронајдете одлично решение.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главна причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер. Никаде нема да се чуствувате како дома. Финансиската ситуација ви е загрижувачка.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Деловните состаноци за вас ќе бидат голем проблем бидејќи ќе ви земат дел од приватното време. Но не се лутете, тие ќе ве однесат до поволен профит. Имате среќа во некои избрзани одлуки, но во иднина внимавајте како постапувате. Вашето семејство ќе побара од вас заем, не кријте дека сте во криза, кажете им го тоа.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Распределете си го времето и не се расејувајте премногу во утринските часови. Синхронизирајте го вашето време со сообракајот бидејки денес не смеете да си дозволите да задоцните на важниот деловен состанок. Можно е прекинување на некое старо пријателство, што многу ќе ве натажи. Поминете малку повеќе време со партнерот, тој ќе биде вашата утеха.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Избегнувајте ги кавгите кои ќе бидат резултат на различните мислења. Не си дозволувајте да се спуштите на некое ниво кое воопшто не и прилега на вашата природа. Вашето живеење станува се подобро но внимавајте да останете на тоа ниво. Финансиската состојба особено ќе ве израдува. Зголемувањето на ритамот може да биде штетно на вашето здравје.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можни се одредени проблеми и напнатост, но вие успешно ќе ги пребродите. Подгответе се за убав работен период во кој постои можност за напредување. Не се откажувајте иако тоа изгледа тешко. Со многу труд и напорна работа ќе бидете меѓу најдобрите. Финансиаката ситуација навлегува во период во кој долго време ќе биде задоволителна.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе пристигне финансиска помош од вашиот близок, вие конечно ќе престанете да се грижите и ќе имате повеќе финансии за штедење. Ангажирајте се да работите нешто плус, нешто од кое ќе вадите некој денар повеќе, проверете во огласите или околината дали некаде би можеле да се вклучите. Околината во вас ќе препознае вистински борец.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Можеби ќе се појави некој проблем на работното место, но сепак вие нема да го сфатите толку сериозно. Некоја личност која во минатото не била праведна кон вас, ќе побара средба и можност за нови почетоци.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

ријателите и роднините ќе ве израдуваат со некоја убава вест која кај вас ќе пробуди длабоки емоции. Периодот е поволен за преземање на поголеми обврски на работното место, бидејќи имате сила и знаење сите да ги исполните. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве промени комплетно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП