27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota го претстави првиот сериски автомобил на водород

Toyota го претстави првиот сериски автомобил на водород

vodorod toyota222

По 20 години прелиминарни активности на автосалонот во Париз, „Toyota“ го претстави првиот сериски модел, придвижуван од водород. Тој се наеркува „Fuel Cell Sedan“, а во Јапонија продажбата треба да започне во април, додека во САД ќе се лансира подоцна во текот на следната година.

Од компанијата тврдат дека возилото има удобноста на стандарден модел во класата. Со цел зголемување на просторот во кабината и багажникот, двата резервоари за компримиран водород се наоѓаат во подот на автомобилот.

„Toyota Fuel Cell Sedan“ е со преден погон кој доаѓа од електричен мотор, поставен под предниот капак. Тој добива струја која се генериран од реакцијата помеѓу водородот од резервоарите и кислород во воздухот. Нивната интеракција се случува во горивни ќелии. Специјален конвертор го зголемува напонот на струјата, па да се намали големината на горивните ќелии.

Во Јапонија возилото ќе чини околу 7 милиони лени (нешто над 50.000 евра). Автомобилот ќе се нуди само во оние делови на земјата, каде што треба да се гради инфрактруктура од станици кои ќе имаат полначи за водород. Според пресметките, полнењето на резервоарите на еколошкиот седан се реализира за три минути.

Водородот има сериозен потенцијал како алтернативно гориво, бидејќи може да се ископува од различни извори, вклучувајќи од соларна енергија или од ветрот. При реакцијата во горивните ќелии, единствениот производ е водената пареа.

Проектот ќе промовира водородни автомобили и во Европа

„Toyota Fuel Cell Sedan“ е придонесот на „Toyota“ за европскиот проект „HyFive“ (Hydrogen for Innovative Vehicles или водород за иновативни возила). Тој мора да наметне водородни автомобили и во Европа.

Групата од 15 производители на автомобили работат заедно за развој на возила и инфраструктурата за нив. Дел од проектот се „Toyota“, „BMW“, „Daimler“, „Honda“ и „Hyundai“.

Oвие пет автомобилски компании ќе испорачаат 110 возила во шест европски градови – Болцано, Копенхаген, Инсбрук, Лондон и Минхен, каде што ќе биде изградена и мрежа од станици со полначи за водород.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП