26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Париз премиера имаше четврата генерација на Mazdа MX-5 (фото)

Во Париз премиера имаше четврата генерација на Mazdа MX-5 (фото)

m mx 1

„Mazda“ на саемот во Париз ја претстави четвртата генерација на најпродаваниот спортски двосед на светот – роудстерот „MX-5“.

Поминаа 25 години од кога „Mazda“ го редизајнираше современиот роудстер нудејќи им на купувачите пристапен спортски двосед со впечатлив дизајн. „Mazda MX-5“ многу бргу стекна голема популарност кај љубителите на овој вид автомобили, па во текот на трите генерации беа произведени и испорачани скоро милион возила.

Четврт век подоцна, пред нас е најновата верзија, која со својот изглед и технологија повторно поставува стандарди во овој автомобилски сегмент.

m mx 2

Обликувањето на новиот модел беше голем предизвик за инженерите и дизајнерите на „Mazdа“.

„MX-5“ требаше да биде дизајниран во склад со новиот „Kodo“ стилски израз, кој досега е успешно применет на најновата гама на модели на „Mazdа“, а истовремено автомобилот да не го загуби својот препознатлив изглед кој е изграден низ претходните три генерации.

Досегашните модели на „Mazdа MX-5“ имаа заоблени површини, а „Kodo“ дизајнот подразбира остри линии и премин меѓу поедини елементи на надворешноста, требаше да се соединат две различности.

m mx 3

Како краен резултат, новата „Mazda MX-5“ има агресивен изглед и спуштен „нос“ во однос на претходниците. Големата маска на ладилникот е со слична форма како кај актуелниот модел, додека браникот има значително спортски дизајн.

Фаровите се нешто помали и потесни, а со својата неправилна форма допринесуваат автомобилот да изгледа уште подинамичен.

Задниот дел на „Mazdа MX-5“ го зголемува впечатокот дека пред вас се наоѓа возило со изразито спортски карактеристики, дури помоќно од што „MX-5“ навистина е. Комбинацијата на кружни и трапезоидни елементи на стоп светлата даваат посебен печат на овој дел на автомобилот.

m mx 4

„Mazda“ новиот „MX-5“ го претстави во верзија со платнен покрив, а засега не е познато дали и кога ќе биде прикажана верзија и со тврд покрив.

Што се однесува до димензиите, „Mazda MX-5“ не порасна во однос на претходната верзија. Со должина од 3.915 mm, aвтомобилот е дури пократок и тоа за 105 mm во однос на се уште актуелниот модел.

Намалено е и меѓуосовинското растојание, но за само 15 mm, па растојанието меѓу предната и задната осовина изнесува 2.315 mm. Aвтомобилот е понизок за 20 mm (1.235 mm), но и поширок за 10 mm (1.730 mm).

Kако што претходно беше соопштено, благодарејќи на новите конструктивни решенија и потребата на лесни материјали, масата на новата „Mazdа MX-5“ е помала за 100 kg во споредба со третата генерација на овој модел.

m mx 5

Кабината исто така е значително модернизирана, а некои дизајнерски решенија, како воланот, екранот за мултимедијалниот систем во форма на таблет на врвот на централната конзола или командите на клима уредот, превземени се од другите возила на „Mazdа“ од најновата генерација.

Фабриката засега не откри детали за погонските единици, освен дека станува збор за специјално прилагодлива верзија на „SKYACTIV-G“ бензинскиот мотор со директно вбризгување кој ја пренесува моќта на задните тркала со помош на шестбрзински мануелен менувач, додека во понудата како опција би требало да се најде и автоматик.

Се шпекулира дека станува збор за 2.0-литарски четирицилиндарски агрегат со околу 200 ks, а не се исклучува можноста на купувачите во Европа во основната верзија да биде понуден и 1.5-литарски бензинец кој развива околу 140 „коња“.

Новата „Mazda MX-5“ во продажните салони ќе пристигне во 2015-та, а во меѓувреме ќе бидат познати и спецификациите на моторите, како и цената по која ќе се продава овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП