20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes сепак нема да го превземе Aston Martin

Mercedes сепак нема да го превземе Aston Martin

Mercedes-Benz-Aston-Martin2

Прво да потсетиме дека „Aston Martin“ и германски „Daimler“ минатата година постигнаа договор за техничка соработка, а на почетокот на август оваа година се појави вест дека нивното партнерство ќе биде проширено. Овие две компании пред неколку месеци потпишаа договор според кој „Daimler“ ќе го снабдува „Aston Martin“ и со различни електрични компоненти. Во замена, „Daimler“ доби уште еден процент сопственост во „Aston Martin“ (сега нивниот удел изнесува 5%).

Исто така беше објавено дека во „Daimler“ размислуваат и за целосно превземање на „Aston Martin“. Раководството на германската компанија го разгледуваше планот за превземање на „Aston Martin“, но тогаш не беше постигнат јасен консензус дали тоа треба да се стори или не. Некои во „Daimler“ сметаа дека „Aston Martin“ би бил само непотребен ризик, додека други велеа дека тоа е „скапоцен камен“ кој треба да се зграби.

Сега ситуацијата е дефинитивно јасна, бидејќи првиот човек на „Daimler“, Дитер Цетче, на медиумите за време на саемот во Париз им изјави дека оваа компанија нема планови да го зголеми својот удел од 5% во „Aston Martin“.

Цетче исто така рече дека не би било во интерес за „Aston Martin“ да биде инкорпориран во голема корпоративна организација, но истовремено нагласи дека нивното сегашно учество обезбедува добро техничко партнерство со истовремено зачувување на неизвесноста на „Aston Martin“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП