20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите Audi A7 и S7 (фото+видео)

Новите Audi A7 и S7 (фото+видео)

novi-audi-a7-i-s7

Моментално актуелниот саем за автомобили во Париз донесе многу премиери на производни и концептни модели. Еден од производители кој претстави свој „освежен“ модел е и германски „Audi“.

Дојде време и „Audi A7“ да добие нова, редизајнирана верзија. Ова купе со четири врати ја задржа својата линија и само минимални промени го разликуваат од актуелната верзија. Промените кои можат веднаш да се забележат се однесуваат на светлата, како на предните, така и на задните.

novi-audi-a7-i-s71

Внатре во кабината во понудата се нови материјали и поголем избор на бои, како и „Beaufort“ ореово дрво и „Valcona“ кожа. „MMI“ интерфејсот на „Audi“ е дел од стандардната опрема кај сите модели од серијата „А7“. Дел од дополнителната опрема се екранот од седум инчи, контролерот на допир и „Bang&Olufsen“ аудио системот.

novi-audi-a7-i-s72

Кога станува збор за изборот на агрегати нема да има промени во однос на моменталната „А7“, што значи „V6“ мотор со 240 или 310 коњски сили, но затоа „S7“ моделите од „V8“ агрегатот ќе извлекуваат 450 наместо досегашните 420 коњски сили.

„Audi“ истакнува и одредени промени на седумстепениот „S tronic“ менувач со двојно квачило кој се наоѓа кај бензинските модели, додека дизелите ќе го задржат сегашниот автоматски осумстепен менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП