18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.10.2014

Дневен хороскоп 04.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можеби подолго време ќе чекате да добиете одлична деловна понуда, но секако дека ќе ја добиете. Сепак внимателно размислете за понудата, одлучете дали сакате со тоа да се занимавате во иднина и дали имате можност за напредување. Некој Стрелец или Јарец ќе ви помогне да донесете одлука.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

На вашиот знак транзитот на Месечината не делува баш најдобро така што ќе ве принуди да се измачите за на некого да му објасните да биде попопустлив кога станува збор за некоја новонастаната ситуација. Ќе имате неколку недоразбирања кои на крајот на денот ќе бидат надминати.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете задоволни со развојот на деловната ситуација. Добрите резултати од разговорите со претпоставените ќе ви дадат нов полет. Совладајте ја нетрпеливоста и сметајте на мало позабавување. Внимавајте на односите со партнерот и членовите од семејството.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува. Бидете потолерантни со саканата личност. Ве советуваме добро да размислите пред да излезете и да се запознаете со една личност.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе соработувате со новите колеги, менувајќи го местото и начинот на работата. Финасиската состојба се подобрува. Љубовниот живот без значителни промени.Ќе добиете некој повик од странство кој ќе биде исклучително важен за вашата иднина.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можни се проблеми во љубовта. Ако имате партнер ве очекуваат расправии и тоа најповеќе од неговите сопствени проблеми. Тоа ќе делува на вашето расположение , но сепак немојте да се затворате во себе, излезете, другарувајте и забавувајте се.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

На работното место ќе забележите значителна предност пред вашите соработници. Ќе доминираат вашата оригиналност и висока стручност што ќе ви овозможат да добиете некое признание на кое нема да обрнете некое поголемо внимание. Во комуникациите ќе бидете помалку колебливи, а како ќе се развиваат контактите ќе зависи од вашето однесување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, обидете се да го најдете својот дел на одговорност, за да можете да ја пребродите кризата. Добро би било конструктивно размислување во врската во која се наоѓате.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе успеете да решите некои тешкотии и ќе почнете да размислувате за еден финансиски проблем кој подолго време ве измачува. Ќе имате многу концентрација и смисла за најразлични иницијативи. Комуникациите со околината ви се подобруваат. Вашиот партнер ќе посака искрен разговор со вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашата обновена енергија ќе биде насочена кон љубовта, а ќе имате и прилика да го освежите односот со партнерот или ако сте слободни да си најдете љубовно задоволство. Можеби ќе имате мали проблеми со здравјето, некоја ваша честа болка, но тоа нема да ви биде пречка во извршувањето на секојдневните обврски.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Внимавајте на вашите постапки денеска, бидејќи можете да ги прекршите правилата, а последиците нема да бидат незабележани. Контактите со странство се од голема важност и ви се отвараат врати за нови комбинации и работи. Постои можност за патување или пак посета од далеку. Не ги доверувајте вашите тајни на секого.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат проблеми поврзани со работното место. Работните задачи извршувајте ги како да сте постојано под контрола и само така ќе ги избегнете конфликтите со претпоставените. Односите со околината се значително подобри. Решете го конфликтот со семејството на најразумен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП