24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ ја одобри продажбата на дел од Novartis

ЕУ ја одобри продажбата на дел од Novartis

novartis

Европското регулаторно тело даде „зелено светло“ за швајцарскиот фармацевтски гигант „Novartis“ да ја продаде својата филијала за лекување на животни на компанијата „Eli Lilly“.

Објаснувањето на регулаторното тело било дека не постои загриженост од прекршување на прописите за заштита на конкуренција.

„Европската комисија ја одобри предложената аквизиција на одделението за лекување на животни на „Novartis“ на фармацевтската компанија „Eli Lilly“, се наведува во соопштението на Европската комисија, пренесува агенцијата Франс прес.

Швајцарскиот „Novartis“ претходно оваа година соопшти дека на американската компанија ќе и ја продаде својата филијала за 5,4 милијарди долари (4,3 милијарди евра), благодарени на што оваа американска групација ќе стане вториот најголем светски производител на лекови за животни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП