29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Pulsar Nismo - новиот спортски хечбек (фото)

Nissan Pulsar Nismo – новиот спортски хечбек (фото)

pulsar nismo

„Nissan“ во Париз покажа дека нивниот нов модел „Pusar“ немора да биде само уште еден во низата слични хечбек автомобили и го направи возбудлив и посакуван.

Беше потребно „Pulsar“ да мине низ „Nismo“ третманот за да го привлече вниманието на посетителите. Иако засега станува збор само за концепт, нема сомневање дека овој автомобил ќе добие продукциска верзија која ќе биде сериозен конкурент на спортските хечбек модели на другите производители.

pulsar nismo1

Како што тоа е вообичаено за возилата кои го имаат потписот на огранокот на „Nissan“ – „Nismo“, и „Pulsar“ доби нов пакет на аеродинамички подобрувања, како и посебна комбинација на боја, која на автомобилот му дава друг визуелен карактер.

Покрај спојлерот на предниот дел и праговите, „Pulsar Nismo“ е опремен и со нов браник со големи отвори за воздух.

pulsar nismo2

Автомобилот има супштена спортска суспензија, а е поставен на 19-инчни алуминиумски бандажи и гуми со димензии 235/35 R19.

Карактеристиките на екстериерот се заокружуваат со новиот заден браник со дифузор и две големи, централно поставени издувни цевки, како и новиот покривен спојлер.

Внатрешноста е дизајнирана во стилот на спортските автомобили со специјални спортски седишта со „Alcantara“ материјалот, црвени детали и алуминиумски педали на ножните команди.

pulsar nismo3

За жал, „Nissan“ не ни ја соопшти најважната информација, кога е во прашање еден ваков автомобил – спецификациите на моторот останаа непознати.

Тоа може да значи дека производителот се уште не се одлучил кој мотор ќе се наоѓа под хаубата на „Pulsar Nismo“. Во секој случај, се очекува погонската единица да биде значително помоќна од моментално најмоќниот мотор кој се вградува во „Pulsar“, 1.6-литарскиот турбо-бензинец со 190 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП