26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.10.2014

Дневен хороскоп 03.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

На работното место предизвикувате конфликти. Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате емотивни проблеми кои ќе ви создадат голема главоболка. Тоа што работите не се поставени така како што сакате вие и тоа што животот не е секогаш фер со вас не треба да ве обесхрабрува. Вредните лица наоѓаат решение за секој проблем. Ставете насмевка на вашето лице и бидете среќни, вие тоа го заслужувате.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Одлично ќе го поминете целиот ден, ќе си ги исполните обврските и во попладневните часови опуштено ќе уживате во друштво на семејството и пријателите. Ќе бидете во центарот на вниманието и ќе успеете да ги насмеете дури и оние кои се тажни. Вашата позитивна енергија ќе ја почувствува секој.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе ве нервираат постапките на околината, но мора да се прилагодите. Ништо нема да можете сами да направите, ниту пак со сила. Затоа  бидете отворени и за поинакви мислења и методи. Ако се чувствувате уморно, подобро организирајте се и штедете ги силите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Очекувате да дојде до значителни промени на вашето работно место и вие да го најдете вашето место под сонцето, но во меѓувреме сепак се распрашувате за некои други можности за да не зависите целосно од оние кои постојано ви ветуваат нешто но никако да го исполнат.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Иако вашите пријатели не ве разбираат многу, тие ќе ги поддржат вашите напори. Препоставувате дека тие ќе се спротивстават на вашите необични идеи, но можеби само не сакаат да размислуваат на начин на кој вие го правите тоа. Ако чувствувате дека се е во ред, направете чекор напред и остварете ги своите планови.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Партнерот сака да му посветите малку внимание. Не штедете се во таа смисла. Потребно е да внесете ведрина и позитивна енергија. Возвратената љубов ќе ви биде доволна за издржување на обврските во текот на денот. Успеавте да заштедите некој денар и тоа е за пофалба, продолжете така. Здравствената состојба е солидна, можно е да се појави мала настинка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На околината не и е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател. Ниту еден план денеска нема цврста основа, па не се надевајте на идеален резултат. Многумина ќе бидат разочарани од вашето нечовечко однесување. Иако мислите дека некого мудро сте го надминале, верувајте дека тој ги прочитал вашите намери.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Со соработниците ќе комуницирате околу мали и не толку важни теми, но тоа ќе го одработите беспрекорно. Понекогаш ќе ви недостасуваат вистински предизвици бидејќи оние кои секојдневно ги доживувате ќе бидат помалку атрактивни. Нека биде така, но вие и понатаму работете најдобро што можете.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Се наоѓате пред важно патување поради кое се чувствувате добро. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на пријателите. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари.Повикот од поранешен соработник ќе ви донесе немир.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денеска какви и да се вашите цели и намери ќе приметите дека сите околности ви одат од рака. Бидете што поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се денеска ако сакате да оставите подобар впечаток на некого кој ви е многу важен. Здравствените проблеми решете ги со правилна исхрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП