19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT 500X на авто-саемот во Париз (фото)

FIAT 500X на авто-саемот во Париз (фото)

500x

Новиот кросовер на „FIAT“ денеска имаше светска премиера во главниот град на Франција. За разлика од претходниот модел кој во името ја има ознаката „500“, а кој се произведува во Крагуевац, „500X“ ќе се изработува во Италија.

Поминаа неколку години од кога „FIAT“ за прв пат најави кросовер од семејството „500“.

Иако во неколку наврати имавме можност да се запознаеме со деталите на дизајнот, „FIAT“ дури денеска во целост го откри изгледот на ова возило.

500x1

Италијанскиот производител ќе понуди две верзии на „FIAT 500X“ – едната ќе биде со повеќе урбан карактер, а другата ќе биде наменета за рекреативни активности.

Моторизацијата на почетокот ќе опфати еден бензински и два дизел агрегати.

Тубро-бензинецот „MultiAir II“ со 1.4-литри ќе произведува 140 ks (104 kW), a моќта ќе се пренесува на предните тркала со помош на шестбрзински мануелен менувач.

500x2

Освновниот дизел агрегат е 1.6-литарски „MultiJet II“ кој ќе биде достапен со 120 ks (90 kW), додека на врвот на понудата ќе се најде 2.0-литарски „MultiJet II“ со 140 ks (104 kW).

Моделот кој ќе го користи послабиот дизел мотор ќе има преден погон, а тој ќе биде поврзан со шестбрзински мануелен менувач.

500x3

Дволитарската единица е комбинирана со деветстепен автоматик, а моќта се пренесува на сите 4 тркала.

Од бензинците во понудата подоцна ќе се најде и 1.6-литарски „E-torQ“ со мотор од 110 ks (82 kW), петстепен мануелен менувач и преден погон, потоа 1.4-литарски „MultiAir II“ со 170 ks (127 kW), деветбрзински автоматик и погон 4×4, како и најмоќниот 2.4-литарски „Tigershark“ со 184 ks ( 137 kW).

500x4

Палетата на дизел мотори ќе биде надополнета со 1.3-литарска „MultiJet II“ единица со 95 ks (70 kW) и 2.0-литарски „MultiJet II“ агрегат со 140 ks (104 kW), кои се поврзани со петстепен, односно шестстепен мануелен менувач. Двата дизели ќе имаат погон на сите четири тркала.

Од „FIAT“ засега не го соопштија датумот за стартот на производството на моделот „500X“ и цената на овој автомобил, а се очекува дека тој ќе пристигне во продажните салони на почетокот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП