26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.10.2014

Дневен хороскоп 02.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Претставниците на овој знак ќе почувствуваат големи промени, нова енергија и мотивација за поголеми успеси. Не знаете дали да го прифатите повикот од некој Овен или Водолија, а ниту пак помошта од една Риба. Не се двоумете, започнете посмело да чекорите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Венера, владетелот на вашиот знак му се приближува на Сонцето и ве прави подготвени да ги прифатите работите кои можат да ви овозможат многу задоволства но и можност за напредување во работата. Верувате дека некој  Јарец или Шкорпија ќе го одржат своето дадено ветување без оглед на неодамнешните кавги.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ова би можел да биде солиден ден за оние кои се упорни и амбициозни, практични, и оние кои сакаат по секоја цена да ги истакнат своите квалитети во работата во која немаат големо искуство. Ако сте помалади не ги прфаќајте одговорните задачи за кои сеуште не сте подготвени. Ве очекува многу поволна вест од странство.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не би требало премногу да се занимавате со проблемите на некој Бик, Риба или некоја Шкорпија, бидејќи тие можат да ви ги наметнат нивните интимни теми од кои ќе ви биде непријатно. Се обидувате да балансирате помеѓу она што ви е важно и она што другите го очекуваат од вас. Ќе добиете повик да се сретнете со една Риба.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ова за вас е стресен ден бидејќи не сте во состојба да се поставите соодветно кон лицето кон кое треба да искажете благодарност, а наместо тоа ви се однесувате прилично лежерно. Една Вага или еден Лав ќе ви покажат дека сте неприфатливи соработници. Некоја поволна понуда од една Водолија ќе ве заинтересира.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Родените во првата декада се под добро влијание на Меркур кој им носи добри можности за напредување, стручно усовршување. Оние кои бараат работа може да ја најдат во некоја финансиска или медицинска установа. Ако сте родени на крајот на знакот, можете да очекувате повик од еден Бик или Вага во врска со нешто важно.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Треба да го искористите вашиот шарм и да се поставите поодговорно кон оние на кои нешто сте им ветиле. Со љубезност можете многу да постигнете, особено ако работите со жени или ако во вашата работа е потребно да покажете емоции и емпатија. Но, внимавајте некои ваши работници во приватниот бизнис ќе се збогуваат со вас.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашите амбиции ќе бидат максимално нагласени и ќе влијаат на односите со околината. Преземете неколку нови обврски и обидете се да ги исполните. Имајте доволно трпение за оние кои ви се драги, не ги навредувајте со потезите. Доколку поседувате приватен бизнис, вашите работници ќе ве напуштат поради вашите лажни ветувања.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некои ваши соработници ќе ве разочараат со постапките, но вие ќе мора да го надминете тоа. Внимавајте на кого му се доверувате. Избегнувајте да водите приватни разговори на јавно место. Некои тајни информации може да излезат од вашиот круг на блиски луѓе. Оваа ситуација може многу да ве чини.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате проблеми во вашата околина за кои секојдневно наоѓате поинакво решение. Можеби работите кои вие ги знаете се преувеличена верзија на реалноста. Желбата за добар разговор ќе ве донесе во друштво на интересни луѓе со уште поинтересни животни приказни. Искористете ја вашата харизма.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе ви биде потребен поголем труд и поголеми залагања за да го постигнете посакуваното. Верувате дека сте на правиот пат да ја освоите довербата на некој кој би можел да биде ваш долг соработник. Ве очекуваат непријатности на љубовното поле, обидете се да ги надминете.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ви претстои поволен период во кои емоционалната страна комплетно ќе ја средите. Не посегнувајте по апчињата за смирување, тие не се вашиот пријател. Разговарајте самите со себеси каде се гледате во иднина и како да ја средите сегашноста. Одлуките кои ќе ги донесете ќе бидат реални и остварливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП