20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвропска премиера на новиот Kia Sorento (фото)

Европска премиера на новиот Kia Sorento (фото)

eu sorento

„Kia“ неодамна во Кореја ја претстави новата генерација на „SUV“ моделот „Sorento“. Пред стартот на авто-саемот во Париз, компанијата ги објави фотографиите и техничките детали за верзијата која е наменета за европскиот пазар.

„Sorento“ кој ќе им биде понуден на купувачите во Европа, визуелно не се разликува од моделот за корејскиот пазар.

Во однос на преходната генерација, „Kia“ го збогати ентериерот со квалитетни материјали и современи содржини.

eu sorento1

„Sorento“ зa 2015-та е долг 4.780 mm, што е за 95 mm повисок од претходниот модел, додека ширината изнесува 1890 mm.

Кабината во која може да се сместат 7 лица во трите реда седишта, е покомфорна од претходно, а патниците имаат повеќе место за нозете, со оглед дека меѓуосовинското растојание од 2.780 mm е поголемо за 80 mm во споредба со претходникот.

Автомобилот е висок 1.685 mm и понизок од актуелната верзија за 15 mm.

eu sorento2

Новиот „Sorento“ во Европа ќе биде достапен со три моторни опции.

Основната дизел верзија ќе има четирицилиндарски 2.0-литарски мотор со 185 ks (136 kW) и 402 Nm. Oваа верзија ќе се продава исклучиво со шестстепен автоматски менувач кој овозможува „Sorento“ oд 0 дo 100 km/h да стигне за 10.4 секунди и да развие максимални 200 km/h.

eu sorento3

Во понудата ќе биде и сегашниот дизел агрегат со 2.2-литри, 200 ks (147 kW) и 441 Nm максимален вртежен момент.

Кога е поврзан со шестстепен автоматик, овој модел до „стотка“ забрзува за 9.6 секунди, пред да ги достигне максималните 203 km/h.

eu sorento4

На европскиот пазар ќе се продава и 2.4-литарски бензинец кој произведува 188 ks (138 kW) и 241 Nm максимален вртежен момент.

Во верзијата со мануелен шестстепен менувач, автомобилот од 0 до 100 km/h стигнува за 10.4 секунди и развива 202 km/h.

eu sorento5

Ако купувачот се одлучи за изборен автоматски менувач, бројките се малку поскромни. Забрзувањето од 0 дo 100 km/h го постигнува за 10.5 секунди, а најголемата брзина изнесува 195 km/h.

„Kia“ не соопшти кога новиот „Sorento“ ќе пристигне во продажните салони во Европа, а се претпоставува дека тоа ќе се случи на почетокот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП