29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKawasaki Ninja H2R со 300 „коња“ (фото + видео)

Kawasaki Ninja H2R со 300 „коња“ (фото + видео)

kawasaki h2 1

Ултимативен спортски мотоцикл е тоа што досега на „Kawasaki“ му недостигаше. Со доаѓањето на „Ninjа H2R“, тоа повеќе не е случај. Овој мотоцикл би можел воедно да означи почеток на нова ера во светот на моторите каде моментално владеат „superbike“ примероците. Во „Kawasaki“ почуствуваа притисок, па поради тоа беше воведен нов ултимативен „Hyperbike“.

Со месеци веќе слушаме за новиот „Kawasaki“ кој ќе се движи со мотор потпомогнат со компресор. Овој спортски мотоцикл е претставен пред отворањето на саемот во Келн, на кој тој нема да учествува. Новиот „Ninja H2R“ е мотоцикл во чиј развој учествуваше целата „Kawasaki“ групација. Па поради тоа и логото на гиганот „Kawasaki Heavy Industries“ се наоѓа на неговиот „нос“.

Тоа што го чини револуционерен и брутален во најмала рака, е неговиот четирицилиндарски агрегат со зафатнина од 998 ccm, потпомогнат со центрифугален компресор. Таквата комбинација на новиот „Ninjа H2R“ му обезбедува 300 „коњи“ и перформанси какви што нема ниту еден сериски мотоцикл. Со таа моќ можат да уживаат само оние кои се подготвени да го возат „Ninjа H2R“ на патека. Овој мотоцикл имено поради своите перформанси и моќ не хомологизиран за друмска примена.

kawasaki h2r 11

Новата технологија која ја има на „Ninja H2R“ е развиена внатре во „Kawasaki“, a покрај одделението „Gas Turbine & Machinery Company“ кое го разви компресорот за моторот на овој мотоцикл, свој придонес даде и вселенската програма на „Kawasaki“ која ја проектираше аеродинамиката на овој „Hyperbike“. Токму тие аеродинамички елементи се направени од јаглеродни влакна и се значително важни кај самиот дизајн кој изгледа многу агресивно.

„Kawasaki“ за пероформансите ќе се говори кога „Ninja H2R“ ќе пристигне во Милано, оваа есен, а тогаш најверојатно ќе биде потврден и друмскиот примерок на овој новитет кој ќе располага со 225KS за кои моментално се шпекулира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП