28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДефект поради кој Ford ќе загуби 500 милиони долари, а може и...

Дефект поради кој Ford ќе загуби 500 милиони долари, а може и повеќе

ford defekt33

„Ford“ во петокот соопшти дека од северноамериканскиот пазар ќе повлече 850.000 автомобили поради проблеми со системот на воздушните перничиња. Се проценува дека отстранувањето на дефектот на повиканите возила, американската компанија ќе ја чини околу половина милијарда долари.

Последниот во низата масовни отповикувања кои во 2014-та ги погодија големите автомобилски компании се однесува на моделите на „Ford“ за американскиот пазар – „Escape“, „Fusion“, „C-MAX“, како и на „Lincoln MKZ“.

Возилата ќе бидат повикани на вонреден сервис, затоа што е откриено дека поради можен краток спој во контролната единица може да се случи воздушните перничиња и затегнувачите на безбедносните појаси да не се активираат при судар.

Првите финансиски последици од овој вореден сервис „Ford“ ги почувствува уште во петокот, во вид на благ пад на вредноста на акциите на берза. Сепак, сопственикот на компанијата се повеќе е загрижен поради висината на трошоците за замена на спорниот дел на автомобилите.

Како што соопшти претседателот на „Ford“ за американскиот пазар, Џозеф Хинрикс, оваа компанија за поправка на автомобилите ќе мора да потроши околу 500 милиони долари.

Индиректната штета е уште поголема, затоа што станува збор за нови модели кои се многу важни за вкупната продажба на „Ford“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП