28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.09.2014

Дневен хороскоп 30.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате нагласени партнерски односи, во кои ќе преовладуваат дискусии за парите и славата. Постои можност за проширување на соработката надвор од границите на земјата. Ова е поволен период за финансиски зафати, но неповолен за љубовта. Пријателите и соработниците ќе ви бидат голема подршка.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе мора да бидете многу поенергични отколку досега. Ќе ви биде потребен поголем труд и поголеми залагања за да го постигнете посакуваното. Верувате дека сте на правиот пат да ја освоите довербата на некој кој би можел да биде ваш долг соработник. Ве очекуваат изненадувања на љубовното поле, внимавајте да не ги расипете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

На почеток сте на нов период во кој можете да бидете исклучително успешни ако покажете поголем интерес за предлозите кои ќе ги добиете од еден Лав, Овен или Вага. Имајте доверба во оние кои се обидуваат да ве убедат во нешто што е во ваш интерес. Не и контрирајте на Шкорпијата за некои неважни нешта.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не знаете како да го истакнете вашиот успех па постојано барате совети. Некои совети се добронамерни но некои не, внимавајте кој и што ви кажува. Семејството како и секогаш ќе биде вашиот најголем поттикнувач да ги пребродите кризите кои доаѓаат. Песимизмот не е вашиот сојузник, исфрлете го.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Верувате дека со својот шарм можете да постигнете многу и тоа веројатно ќе ви појде од рака, така што ќе се истакнете во работата. Родените во последната декада имаат неповолно влијание од Сатурн во Шкорпија, особено ако тие се тврдоглави и прилично нереални во сферата на финансиите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

На работното место ќе владее хармонија, сите заедно ќе ги извршувате потребните работи во дадениот рок. Вашата дисциплинираност, посветеноста и енергијата ќе бидат заразни. Имајте на ум дека вашиот љубовен живот стагнира, преземете неколку посмели чекори.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде. Намерата на некоја Водолија да ви се доближи следете ја внимателно.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потребна ви е финансиска стабилност, која ќе ја постигнете само ако се фокусирате на неопходните потреби. Соработката и понатаму ќе биде клуч за вашиот успех. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие вас ќе ве поддржат. Некоја Вага ќе побара од вас искрен разговор.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе постојат некои несогласувања со околината. Не трошете енергија во одбрана на своите намери. Игнорирајте ги другите, а следете го она што ви го кажува срцето. Разговарајте со нови лица, нивниот поглед може да биде инспирацијата која ви недостигаше.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе имате одлична соработка со некоја Вага. Нема да ве загрижува дефицитот на финансиски средства, бидејќи очекувате помош од семејството. Нема да станете флексибилни се додека не сфатите дека со малку труд туѓите идеи може одлично да се вклопат во вашите планови.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не се затварајте дома сами, излезете на кафе со пријателите, прошетајте и релаксирајте се. Не заборавајте, животот е многу позабавен кога сте отворени за изненадувања. Во текот на вечерта самодовербата ќе ви биде на високо ниво, па без двоумење правете смели чекори.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можеби ќе се зафатите да работите неколку работи одеднаш. Понекогаш ќе ви недостасуваат вистински предизвици бидејќи оние кои секојдневно ги доживувате ќе бидат помалку атрактивни. Нека биде така, но вие и понатаму работете најдобро што можете. Не му верувајте на некој Овен, тој нема искрени намери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП