23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPassat доби и хибридна верзија (фото)

Passat доби и хибридна верзија (фото)

vw passat

„Volkswagen“ ги објави техничките детали и фотографии на „Plug-in“ хибридот „Passat GTE“ пред официјалната премиера која е закажана за парискиот авто-саем.

Потребата да се намали просечната емисија на јаглен-диоксид во автомобилите, го принуди „Volkswagen“ да ја прошири понудата на модели со хибриден и електричен погон.

По хибридниот „Golf GTE“ и експерименталниот „Volkswagen XL1“, претставен е и „Passat“ со хибриден погон.

vw passat1

„Passat GTE“ е заснован на новата генерација на лимузината на „Volkswagen“ од која визуелно се разликува според различните стилски детали на браникот и „LED“ дневните светла во форма на буквата „С“.

Хибридниот „Passat“ има и специјални алуминиумски бандажи, додека кабината доби сино амбиентално осветлување и украсни детали во иста боја, која кај „Volkswagen“ има симбол за штедливи и еколошко прифатливи модели.

vw passat2

Променет е и дизајнот на инструмент таблата која доби нови содржини со цел возачот да може да ги следи податоците за работата на хибридниот погон, потрошувачката и долнувањето на батеријата.

Хибридниот погонски систем се состои од 1.4-литарски бензински „TSI“ мотор со 156 ks (115 kW) и електромотор кој произведува 115 ks (85 kW).

vw passat3

Комбинираната моќ на агрегатите достигнува 218 ks (160 kW), a автомобилот располага со максимален вртежен момент од 400 Nm.

Погонскиот систем е поврзан со тркалата преку шестбрзински автоматски менувач со двојно квачило.

Автомобилот е во состојба од место до „стотка“ да забрза за помалку од осум секунди, пред да ги достигне максималните 220 km/h.

vw passat4

„Volkswagen“ тврди дека „Passat GTE“ има просечна потрошувачка од 2.0 l/100 km, додека во атмосферата испушта само 45 g CO2 по километар.

Ако се вози исклучиво на електричен погон, автомобилот може да премине до 50 km, a со полн резервар автономијата во возењето изнесува 1000 km.

„Volkswagen Passat GTE“ ќе почне да се продава во втората половина на 2015-та година, кога ќе бидат познати и повеќе детали и цената на овој модел, а ќе биде достапен во седан и караван верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП