18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.09.2014

Дневен хороскоп 29.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ова за вашиот знак е еден од подобрите денови, доколку не спаѓате во оние типичните претставници кои постојано водат инат. Месечината во Стрелец им одговара на оние кои ќе патуваат во странство или планираат работа со странци. Ширите позитивна енергија и многумина ве сметаат за симпатични.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се чувстувате непријатно од премногу наметливите лица кои од вас очекуваат нешто што вие не сте во состојба да им го дадете, без оглед дали станува збор за некоја колегијална услуга или за пари. Добро се согласувате со некоја Шкорпија која е подготвена да ви излезе во пресрет за некое важно прашање. Ќе добиете поволна вест од некоја Девица.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Подготвени сте да прифатите една многу одговорна работа но сепак се обидувате да најдете некој поедноставен извор на приходи. Ако имате некоја врска со финансиите и банкарството, можете да очекувате многу интересна понуда на која нема да можете да останете рамнодушни. Некој Стрелец или Рак може да ви донесе поволни деловни понуди.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Очекувате деловниот партнер да попушти во врска со нешто што на вас ви е многу важно. Можно е да се работи за нешто што подразбира добро познавање на странски јазици. Не му дозволувајте на еден Бик да ви ги наметне своите ставови, особено ако станува збор за лица кои често се обидуваат да ве разубедат во своите добри намери, а всушност ги гледаат само своите интереси.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Аспектите меѓу Месечината, Уран и Сонцето ви носат одлични можности за работа со лица кои се многу успешни. Ако ви се пружи шанса некаде да отпатуват или да ја промените работата, не ја пропуштајте приликата. Овој ден за вас ќе биде ден полн со изненадувања.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете максимално подготвени и поттикнати да започнете со некаков бизнис. Имате можност за работа во медиумите, доколку имате претходно искуство не ја пропуштајте оваа понуда. Ќе ве нервираат некои ситници и детали кои никој околу вас нема да ги забележи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Венера, владетелот на вашиот знак се подготвува да влезе во вашиот знак и да ви помогне на најдобар начин да се искажете во работата која ја работите. Трудете се да го пронајдете најдобриот начин како да се активирате во рамките на работата која би ве поврзала со оние кои имаат сјајни идеи во врска со унапредувањето на работењето.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој ќе се обиде да ве убеди на нашето што него го интересира и ќе ве провоцира со цел да дознае нешто. Идејата за работа со странци ќе ви донесе добри нешта. Верувате дека сте на правиот пат кога станува збор за некој нов проект. Добрата соработка можете да ја остварите со некој Рак или Лав, особено ако приватно се познавате. Шкорпијата и Јарецот нема да ви ја кажат вистината во врска со нешто што ви е многу важно.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Претпладневните чсови ви носат многу состаноци и голема емотивна ангажираност во врска со нешто што не се однесува на вас лично туку на лицата кои ви се многу драги. Покажувате голема поврзаност кон некој кој не бил фер кон вас. Се трудите да надминете нешто што во голема мера ве оптеретува. Ќе добиете повик од некој Лав.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе добиете повик да се сретнете со некој Овен но нема да знаете дали тоа е поволно или не, дали ви се овозможува напредување или ќе бидете во непријатна состојба. На некој му е многу важно да го обнови односот со вас, дури и ако станува збор за некој Бик со кого не се согласувате, би требало да се прилагодите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу обврски и лажни ветувања ве водат до нервна исцрпеност бидејќи не знаете на кого можете да сметате. Се трудите да бидете фер и на сите да им излезете во пресрет. Изгледа дека само вие се придржувате до правилата. Некој Стрелец ќе ви донесе нови предлози и можности во врска со некоја хонорарна работа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Обидете се да не бидете површни и кога ги донесувате одлуките, не се раководете само според срцето туку помислете и на разумот. Ќе мора да се прилагодите на условите кои владеат во компанијата или домот ако сакате да ги избегнете расправиите. Ќе добиете можност да го покажете својот талент на некој поголем собир. Вашата импулсивност може да биде проблем во комуникацијата со некоја Водолија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП