20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИдниот Q3 ќе се појави во 2018-та година

Идниот Q3 ќе се појави во 2018-та година

audi q 3

„Audi“ најави дека до крајот на оваа годна ќе го претстави редизајнираниот „Q3“. Иако тоа со нетрпение го очекуваме, „Auto Bild“ оди чекор напред, занимавајќи се нормално со неговата целосно нова генерација.

Што ќе се случи, барем според нив, значи дека новиот „Q3“ ќе се појави на пазарот во 2018-та година и ќе биде најверојатно поголем од актуелниот модел.

Како што се претпоставува, во понудата би можела да се најде и супер-економичната опција „Q3 Ultra“, со трицилиндарски агрегат со моќ од 110 KS и оптимизирана „ S-tronic“ трансмисија.

За да се намали трендовскиот хорор наречен „трицилиндарски „Audi““ од Инглоштад најавуваат и неколку чистокрвни спортски верзии на идниот „Q3“, бензински „Q3 RS“ со 400 KS и „Q3 RS TDI“ со 260 односно 273 коњски сили и нормално хибрид во комбинација со горе споменатиот трицилиндарски агрегат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП