26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPantech е на продажба, но дали има купувачи?

Pantech е на продажба, но дали има купувачи?

pantech

Доколку помислите на некоја од Јужна Кореја, многу е веројатно дека на ум прво ќе ви паднат „Samsung“ или „LG“. Ова е токму една од главните причини поради која „Pantech“, третата најголема технолошка компанија во ова земја, одлучила да се продаде.

Со оглед дека „Pantech“ се наоѓа меѓу двете најголеми светски технолошки компании, тоа во голема мера им наштети на нивното работење во последните шест квартали.

Судејќи според информациите, компанијата одлучила да се продаде затоа што повеќе вреди како функционирачки концерн, отколку кога некој би ја поделил и да ја продава во делови.

Мобилниот пазар во Кореја е значително патриотски настроен, а корисниците во 90 проценти од случаите се одлучуваат за купување на домашни уреди. Се верува дека „Pantech“ би можела да купи мобилни компании од Кина или Индија со цел себеси да си обезбеди пат до вредниот, но прилично затворен пазар.

Меѓутоа, најголемите сопственици на „Pantech“ се државната банка на Кореја, „Samsung“ и „Qualcomm“, па така надворешните купувачи би имале многу мали шанси за успешна трансакција.

Без оглед на тоа кој ќе ја купи компанијата, главен проблем ќе претставуваат магацините кои се преполни со непродадени смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП