20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.09.2014

Дневен хороскоп 27.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Родените во овој знак денес ќе имаат компликации во комуникациите со околината. Се ќе ве нервира и вие тоа јасно ќе го покажувате. Некоја Вага ќе ви влее несигурност поради која лошо ќе се чувствувате.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно  и гласно ќе кажете се што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

За вас ќе постои поволен развој на настаните, а вие тоа одлично ќе го искористите. Финансиите во блиска иднина ќе бидат значително подобрени, така што ќе имате можност да ги исплатите сите заостанати долгови. Уживајте во љубовта која ви ја дава партнерот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Парите ви се главна опсесија и мислата како да дојдете до поголеми средства. Околината не ве разбира па поради тоа може да дојде до некаков конфликт. Можни се добри вести од странство, не ги офрлајте понудите кои ќе бидат упатени на ваша адреса.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работното мсто ќе постои некаков проблем, но вие ќе се сјандете. Денес многу случки и лица ќе ви го растреперат срцето на позитивен начин. Уживајте во секој момент и заблагодарете им се на луѓето околу вас за пријатната атмосфера.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес се можни депресивни моменти кои можат да ве одалечат од пријателите. Најдоброто нешто што можете да го направите е да ги прифатите вашите пријатели какви што навистина се и внимателно да ги слушате нивните приказни. Не се обвинувајте себеси ако не сте успеале да влијаете врз нечиј живот со своите совети.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во вас ќе постои енергија која ќе ве води во сите дневни случувања. Искористете ја денешна моќ да завршите некои нешта однапред. Ве очекува некоја новост која многу позитивно ќе влијае на вас. Ќе сакате се да земете во ваши раце, но не правете го тоа, оставете нешто и другите да сработат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можна е средба со Девица, Рак, Јарец или Шкорпија. Размената на идеи ќе ви донесе многу интересни информации за кои не сте размислувале до сега. Нема да знаете од каде да започнете, но не плашете се сите обврски ќе ви бидат завршени навреме.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На почтокот на днеот може да дојде до некакви непријатности поврзани со некоја тајна или кавга во семејството. Одалечете се од ситуацијата и поминете преку неа на свој начин. Во вечерните часови обидете се да ги излечите раните со добро друштво и добра забава.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе учествувате во некаква јавна дебата во која ќе бидат изнесени многу мислења. Не заземајте страна и обидете се да зачувате неутралност докрај. Денес имајте на ум дека импулсивноста може да ви биде голем непријател. Внимавајте што ќе кажете.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денот е одличен за вас. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите. Некој разговор со некое лице ќе ве поттикне дополнително да вложите напори во вашите цели. Во вечерните часови можно е пријателите да ве изненадат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Во овој период сите нешта кои ќе ги кажете ќе бидат на место. Потрудете се да не разочарувате вашите блиски со магаломанските идеи и ставови, можно е некого да повредите. Мислењето дека вие секогаш го имате најпаметниот одговор ќе ви донесе големи проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП