20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Berlin нема пари за нови авиони

Air Berlin нема пари за нови авиони

airberlin115afba146c845

Втората најголема германска авиокомпанија „Air Berlin“ ја откажа нарачката на 33 авиони од „Boeing“, чија каталошка цена изнесува пет милијарди долари.

Во соопштението на авиопревозникот, кој минатиот месец пријави враќање на патот на профитот, наведува дека откажувањето на нарачката значително ќе ги намали трошоците на компанијата во иднина, како и дека поради одлуката „Air Berlin“ не мора да и плати отштета на американската компaнија, пренесува агенцијата Франс прес.

Американскиот „Boeing“ го потврди откажувањето на нарачката, наведувајќи дека неговиот клиент работи во динамично опкружување и дека неговите потреби во врска со флотата се менуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП