20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLotus негира дека ќе пропадне, туку најавува нови модели

Lotus негира дека ќе пропадне, туку најавува нови модели

lotus strategija

Минатата недела не беше добра за „Lotus“. Производителот на спортски автомобили отпушти една четвртина од својата работна сила, до бројка од 325. Потоа, пред неколку дена, беше објавено дека компанијата ќе престане со продажба на „Evorа“ во САД поради ослободување на воздушното перниче. „Evora“ е единствениот модел кој се продава „преку барата“, така да тоа значи изчезнување на брендот од овој пазар.

„Lotus“ сега враќа со изјавата дека повторно ќе се појават во САД и Канада во 2016-та со „Evorа“ која ќе поседува воздушни перничиња во склад со регулативите.

„Знам дека тоа ќе бидат добри вести за илјадници сопственици и љубители на „Lotus“ во Северна Америка, но во суштина никогаш немавме намера да си заминеме. Северноамериканскиот пазар е од витално значење за нас и ние имаме намера да ја прошириме дилерската мрежа и да ја зголемиме продажбата во иднина“, вели Жан-Марк Гал, шефот на групацијата „Lotus“.

Тој исто така додаде дека моментално работат на многу возбудливи производи кои ќе се појават во иднина.

Па така, „Lotus“ ќе ја прескокне моделската 2015-та година, но ќе се врати во 2016-та. Во меѓувреме, 45 дилери на марката ќе продолжат со продажбата на „Elise S Cup R“ и „Evorа V6 Cup R“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП