Синџирот на продавници кој го донесе скандинавскиот дизајн во милиони домови ширум светот, сега мора да излезе со нешто ново за да ја задржи водечката позиција во оваа индустрија.
Познатиот шведски ланец за мебел „Ikea“ одлучи да го промени и освежи пристапот во дизајнот.
„Сметаме дека мораме, што и да правиме, да размислиме за тоа што ќе биде скандинавско во иднина“, вели главниот дизајнер на „Ikeа“, Маркус Енгман.
Приходите на „Ikeа“ имаа делумно силен раст поради тоа што ги одржуваа трошоците ниски, така што ги уверија купувачите дека сами можат од делови да состават производ.
Сега сакаат до 2020-та да ги зголемат приходите на 50 милијарди евра, зголемувајќи го бројот на продавници од постоечките 362, така што ќе го шират работењето во регионите како Индија, но и да ги поттикнат „онлајн“ приходите.
Со цел успешно да го спроведат тоа ќе мораат во предвид да го земат фактот дека клиентите се граѓани од свет со софистицирани вкусови и дека денеска опслужуваат многу поголем број на луѓе, отколку во 1943-та година, кога започнале да работат.
Во изминатава година, продавниците на „Ikeа“ ги посетиле 775 милиони луѓе во околу 50 земји, а нивната интернет страна, 1.2 милијарди луѓе.
Во напорите повторно да се создаде нов скандинавски имиџ – „Ikea“ е позната по минималистичкиот дизајн – шведската компанија исто така е свесна дека и самата Шведска се има променето.
Од времето кога нејзиниот освновач Ингвар Кампрад започнал со овој бизнис, отворената политика која Шведска ја водеше по прашањето за имиграција, резултираше со доаѓање на илјадици доселеници од Африка, Блискиот исток и источна Европа. Поради тоа новиот дизајнерски пристап мора да ја земе во предвид и мултикултурноста на Шведска.