29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT Doblo за 2015-та година (фото)

FIAT Doblo за 2015-та година (фото)

doblo 1

„FIAT“ на саемот за комерцијални возила во Хановер го претстави редизајнираниот „Doblo“. Во однос на актуелната верзија, моделот за 2015-та има освежен дизајн на надворешноста и внатрешноста, но и некои нови содржини и подобрувања.

Доколку предниот дел на автомобилот го споредиме со човечко лице, можеме да кажеме дека „Doblo“ добил насмевка.

Дизајнерите во целост го редефинирале изгледот на маската, фаровите и прендниот браник, додека задниот дел од возилото, освен новите стоп-светла, остана непроменет.

doblo 2

Промените во внатрешноста на возилото опфаќаат редизајнирана инструмент табла и волан, нови дезени и бои на навлаките и тапацирот, а од „FIAT“ велат дека бучавата во кабината е намалена благодарејќи на подобрата звучна изолација.

Понудата на дизел агрегати опфаќа 1.3-литарски „MultiJet II“ со 75 ks и 90 ks, како и 1.6-литарски „MultiJet II“ во верзии со 100 ks и 105 ks. Во врвот на понудата на дизел мотори се наоѓа 2.0-литарски агрегат со 135 ks.

doblo 3

Oд бензинските верзии, достапни се 1.4-литарски мотор со 95 ks и 1.4-литарски „TurboJet“ со 120 ks, кој може да се нарача и во верзија со погон на компримиран природен гас.

Редизајнираниот „Doblo“ во понудата има и изборен „Traction+“ систем кој служи за подобрување на возните карактеристики на нерамни и лизгави површини.

Ова возило ќе се најде во продажните салони на почетокот на 2015-та во неколку каросериски верзии, кои и досега им беа достапни на купувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП