24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDacia би можела да остане без еден од актуелните модели

Dacia би можела да остане без еден од актуелните модели

dacia ukinuvanje

Иако „Dacia“ во првите осум месеци во Европа оствари раст од 30 проценти, продажбата на одредени модели не е на задоволувачко ниво. Поради тоа сопственикот на романскиот производител на автомобили, „Renault“, би можел да укине некои од моделите за кои на пазарот не владее голем интерес.

Како што пренесуваат медиумите, „Renault“ ја разгледува можноста да ги укине патничките верзии на моделите „Dokker“, „Logan MCV“ или мини-ван „Lodgy“.

Се проценува дека иднината на еден од овие три автомобили ќе биде загрозена поради намалениот интерес за караван и „MPV“ возилата во Европа. Аналитичарите наведуваат дека купувачите на европскиот пазар се повеќе се концентрираат кон „SUV“, односно кросовер моделите, па продажбата на мини-ван возилата за првите осум месеци од оваа година забележа пад за 9%.

Tоа се одрази и на пласманот на моделот „Lodgy“ кој за истиот период му се предвидуваше пад од дури 44 отсто во однос на 2013-та.

„Dacia Dokker“ има релативно стабилна продажба, додека „Logan MCV“, кој е значително променет во однос на првата генерација на овој модел, забележа силен раст во 2014-та.

Со оглед дека сите три модели се релативно нови на пазарот, се уште е рано да се шпекулира за тоа кој би требало да го загуби своето место во гамата на романскиот производител. Врз основа на моменталните резултати и трендот на продажба, се чини дека судбината на моделот „Lodgy“ засега е најнеизвесна.

„Dacia“ ќе се обиде да го поправи имиџот и продажбата на тој модел, но и на патничкиот „Dokker“, така што наскоро на купувачите ќе им понуди атрактивна, „Stepway“ верзија за двата автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП