19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледната недела Ferrari ќе претстави нов кабрио модел (фото)

Следната недела Ferrari ќе претстави нов кабрио модел (фото)

fer 458

Пред следната недела да започне авто-саемот во Париз, „Ferrari“ ја крена завесата над новата верзија на својот модел „458 Speciale“.

Од „Ferrari“ го отстраниле покривот на автомобилот и дале соодветно име – „458 Speciale A“, а буквата „A“ означува „Aperta“, што значи „отворен“ на италијански. Засега цената на автомобилот не е објавена, но таа веројатно ќе биде над 300.000 долари.

fer 4581

Од новиот модел ќе бидат произведени само 499 возила, а според компанијата тоа ќе е најмоќниот нејзин модел со речиси 600 коњски сили, кој ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 3 секунди. Според автомобилските медиуми „V8“ моторот на моделот „458“ наскоро ќе биде заменет од турбо мотор.

Тоа значи дека 499-те автомобили од моделот „458 Speciale A“ кои „Ferrari“ планира да ги произведе, ќе бидат нешто сосема посебно. За да биде уште препознатливо, најновото „Ferrari“ ќе дебитира на саемот во Париз во жолта наместо во црвена боја. Дел од ентериерот пак ќе е во сина боја.

fer 4582

Моделот „458“ е моќна машина која победила на натпреварите како „24 часа на Ле Ман“, „24 часа на Дејтона“ и „12 часа на Себринг“. Верзијата „458 Speciale A“ се очекува да е дури уште подобра.

fer 4583

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП