26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.09.2014

Дневен хороскоп 26.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не сакате да правите компромис со оние кои не ви одговараат по многу работи, особено по нивните размислувања, во начинот на распределба на добивката во заедничката работа.Не сакате да им се приближите на оние кои се задолжени да ве критикуваат без причина.Сепак, према многумина сте и повеќе од фер.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во разговор се впуштате само со оние од кои очекувате да ви излезат во пресрет. Ако тоа не се случи, вие веќе имате резервен план. Моќна е средба со Девица, Рак, Јарец или Шкорпија. Размената на идеи ќе ви донесе многу интересни информации за кои не сте размислувале до сега.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Љубовниот живот ќе се најде во сенката на професионалните обврски. Нема да се заљубите, ниту ќе барате нова љубовна прилика. На површината ќе се појават долго потиснати проблеми, така што ќе ви помине поголем дел од денот во „големо љубовно чистење” и усогласување на ставовите .

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Би можело да се случи да потклекнете пред нечие додворување, и да сфатите колку е убаво да бидете освоен, но и да победите. Денот ќе ви помине во копнежно расположение, особено во случај доколку „страдате” од невозвратени чувства. Во вечерните часови ќе влезете во дискусија.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете изложени на будните очи на животната средина, каде околностите ќе ви наметнат прилагодување со најблиските и деловните партнери. Иако ќе ви се чини дека не се одвива она што сте го замислиле, набрзо ќе сфатите дека и таквата ситуација има свои предности.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Околу вас ќе владее тотален хаос и нервоза, вие на уникатен начин ќе се повлечете, така што неповолното влијание врз вас нема да остави последици. Ве очекува разговор со некој важен човек кој може да биде вашиот приклучок во деловниот свет. Советите кои ви ги дава семејството можеби се најпаметниот избор во моментов. Не се грижете за здравјето, можна е само мала настинка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Смислата за комуникација и човечките односи ќе ви овозможат да го проширите бизнис влијанието. Ќе остварите контакти кои ќе имаат позитивно влијание врз вашата професионална иднина. Сепак, мора да бидете трпеливи и да чекате додека да се создадат поволни услови за реализација.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во интимните односи ќе дојде до израз вашата непопустливост и тврдоглавост. Ќе пружите отпор на барањата од партнерот. Ќе видите дека многу давате а добивате малку, па ќе барате партнерот овој пат да се прилагоди на вас и на вашите потреби. Внимавајте на трошоците!

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку се стремите кон бизнис напредок, ќе морате да бидете послушни и без прашања да ги усвојувате одлуките за авторитет декретите на власт. Иако вам тоа нема да ви се допадне, на крајот ќе сфатите дека тоа е полесно отколку што мислевте дека ќе биде. Во вечерните часови, можете да добиете некоја мистериозна порака.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете преокупирани со средување на финансиите. Некои од вас ќе се грижат за старите родители или членови на семејството. Ви се нудат можности за учење и професионален развој. На работа ќе преземете должности и одговорности за кои сеуште не се чувствувате подготвени.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денот ќе го одбележат љубовни згоди и незгоди, при што од вас ќе се бара зголемена толеранција и подготвеност за компромис. Лекциите што ќе ги научите ќе ви помогнат подобро да ги разбирате другите и нивните мислења. Полесно ќе ги прифаќате емоционалните обврски и одговорности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП