18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi подготвува TT со 4 врати (фото)

Audi подготвува TT со 4 врати (фото)

tt sportback

Изгледа германскиот производител по „Sportback“ моделите „A5“ и „A7“ планира уште еден автомобил со слични карактеристики. На интернет се појавија првите цртежи на концепт на компактна купе лимузина базирана на третата генерација на моделот „ТТ“.

Можеби пред неколку години идеата од „Audi TT“ да се направи модел со 4 врати би изгледала многу нелогична, но трендовите во авто-индустријата се менуваат со голема брзина.

„Audi“ во 2013-та претстави целосно нов модел, компактната лимузина „А3“, но во таа класа остана простор за уште еден автомобил со четири врати, кој би можел да има изразит спортски дизајн и карактеристики.

tt sportback1

Како што пренесува „Autozeitung“, кој прв ги објави цртежите на концептот „TT Sportback“, возилото е долго 4,47 m, што значи дека е нешто подолго (зa 14 mm) oд „Audi A3 Sedan“, но значително пократок од следната купе лимузина во гамата, „Audi A5 Sportback“ (4,7 m). Во кабината можат да се сместат четири лица.

Истиот извор наведува дека концептот ќе има четирицилиндарски 2.0-литарски „TFSI“ мотор со 400 ks.

Доколку ја прескокнеме концептната фаза, и претпоставиме дека „Audi“ ќе се одлучи да понуди на пазарот продукциски „TT Sportback“, овој модел веројатно ќе биде посилен ривал на „Mercedes CLA“ од „Audi A3 Sedan“.

tt sportback2

Сепак, со оглед дека овие информации до кои дојде „Autozeitung“ засега се неофицијални, ни преостанува да го почекаме соопштението на „Audi“, па да дознаеме повеќе детали за новиот концепт.

Потсетуваме, „Audi“ во април го претстави концептот „TT Offroad“ кој исто така е заснован на најновата генерација на моделот „ТТ“, како најава за можен продукциски купе кросовер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП