2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗIveco Daily се закити со наградата Van of the Year

Iveco Daily се закити со наградата Van of the Year

iveco daily

„Iveco Daily“ зa 2015-та, кој имаше премиера во јуни, ја доби наградата „Van of the Year 2015“.

Оваа награда беше доделена на 65-тиот меѓународен саем на комерцијални возила, кој се одржува во Хановер, а новиот „Iveco Daily“ ги победи останатите финалисти кои беа во потесниот избор, моделите на производителите „FIAT“, „Ford“, „Mercedes“, „Renault“ и „Opel“.

Годишната награда „Van of the Year“ ја доделува жири составено од 23 новинари од најзначајните меѓународни публикации за комерцијални возила.

„Iveco“ ја однесе наградата пред ривалите, затоа што според мислењето на жирито, „даде најголем допринес во стандардните ефикасности и одржливоста при превозот на стока во патниот сообраќај во поглед на животната средина и безбедноста на луѓето“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП