26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Espace - први фотографии

Renault Espace – први фотографии

espace 11

Пред премиерата која е закажана за 2-ри октомври на авто-саемот во Париз, „Renault“ не изненади со првите фотографии од моделот „Espace“, кој според првите најави на францускиот производител автомобили ќе го нападне и пазарот на кросовер возила.

Еден од „татковците“ на сегментот „MPV“ возила во Европа, „Renault Espace“, ја дочека петтата генерација.

espace 22

Во прилог на целосно новиот дизајн, заснован на концептот „Initiale Paris“ од 2013-та, кој го карактеризира нагласената маска на ладилникот и големиот знак во нејзината средина, „Espace“ за разлика од претходникот има значително помали странични стаклени површини, но и повисоко растојание од земја, со што се доближува до кросоверите.

„Renault“ не објави повеќе информации за овој модел, а од претходно е познато дека „Espace“ ќе биде поставен на новата „CMF1“ платформа.

espace 33

Повеќе фотографии, технички детали и спецификации од петтата генерација на моделот „Espace“, ќе бидат објавени по неговата официјална премиера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП