20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac ќе се одвои од GM

Cadillac ќе се одвои од GM

kadilak

„General Motors“ има во план да ја одвои својата луксузна автомобилска марка „Cadillac“ во посебна компанија и нејзиното седиште во 2015-та од Детроит да го пресели во Њујорк.

Седиштето на „Cadillac“ ќе биде во њујоршкиот кварт „Сохо“, а со тоа се очекува компанијата да ги привлече богатите клиенти, додека производните капацитети и натаму ќе останат во Детроит.

Преселбата на седиштето на компанијата во Њујорк, раководството на „GM“ го разгледуваше неколку месеци, а конечната одлука ја донесе новиот директор на „Cadillac“, Јохан де Нушен, кој на оваа позиција дојде во летото 2014-та.

Овој менаџер претходно беше на чело на луксузната марка на „Nissan“ – „Infiniti“, a познат е и по успешната реорганизација на работењето на „Audi“ во САД.

„Cadillac“ веќе повеќе од еден век е под капата на „GM“. Иако имиџот на компанијата во последните неколку децении е влошен поради низа стратешки грешки на раководството, името на брендот во САД и натаму асоцира на луксузни автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП