28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го претстави Golf зa сите терени (фото)

Volkswagen го претстави Golf зa сите терени (фото)

golf teren

Исто како „Volkswagen Passat“, и „Golf“ доби „Alltrack“ модел со поголемо растојание од земја, кој е заснован на караван верзијата на овој автомобил.

Освен тоа што има за 20 mm поголемо растојание од обичниот „Golf“, „Alltrack“ благодарејќи на заштитните пластични додатоци на долниот дел од каросеријата, новите шини на покривот и редизајнираните браници, изгледа попривлечно од класичната караван верзија.

Со цел успешно да се движи и надвор од асфалтираните патишта, „Golf Alltrack“ стандардно е опремен со „4Motion“ погонот на сите четири тркала.

golf teren1

Овој модел се разликува од останатите „Golf“ верзии и по специјално дизајнираните 17 инчни алуминиумски бандажи и металик сивите надворешни ретровизори.

„Volkswagen“ објаснува дека „Golf Alltrack“ во возењето по стандардните патни подлоги има погон само на предните тркала.

Кога ќе се тргне од асфалтот, моќта се распределува по потреба и скоро во целост може да се префрли на задната осовина.

golf teren2

Ако во сред возење се одбере „Offroad“ режимот, тогаш се активира функцијата за автоматско забавување на возилото и контрола на брзината при спуштање на автомобилот по стрмен терен.

Покрај тоа што е оспособен за теренско возење, „Golf Alltrack“ е во состојба да повлече и приколка со тежина до 2 тона.

golf teren3

Во понудата ќе биде еден бензинец и три дизел мотори. Бензинската верзија ќе има 1.8-литарски „TSI“ со 180 ks, кој е нов агрегат во гамата „Golf“.

Кога станува збор за дизел моторите, купувачите ќе можат да бираат помеѓу 1.6-литарската „TDI“ единица со 110 ks и двете 2.0-литарски „TDI“ верзии со 150 ks и 184 ks.

golf teren4

Бензинецот и најмоќниот дизел мотор стандардно ќе бидат поврзани со шестбрзински „DSG“ менувач со двојно квачило, додека кај другите два дизел агрегати моќта ќе се пренесува на тркалата со помош на шестстепен мануелен менувач.

„VW Golf Alltrack“ ќе има премиера на претстојниот авто-саем во Париз, а се очекува почетната цена да биде нешто помала од 30.000 евра.

golf teren5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП