24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes C63 AMG како шлаг на тортата

Mercedes C63 AMG како шлаг на тортата

amg c63

„Mercedes“ ја заокружи понудата на новата „C сlasѕ“ со претставување на топ-моделот „C63 AMG“ кој ќе биде достапен во седан и караван верзија, но и со две верзии на мотори.

Новиот „C63 AMG“ ќе има премиера на саемот за автомобили во Париз, а љубителите на овој модел ќе бидат во можност да изберат еден од двата понудени агрегати.

„Стандардната“ верзија ќе го користи новоразвиениот 4.0 литарски V8 „bi-turbo“ бензински мотор. Овој бензинец произведува 476 ks (350 kW) помеѓу 5.500 и 6.250 o/min, а најголемиот вртежен момент е од 650 Nm, кој е достапен од 1.750 до 4.500 o/min.

„Mercedes C63 AMG“ седан е во состојба до брзината од 100 km/h стигне за 4.1 секунди, додека караванот е побавен за 0.1 секунди.

amg c631

За оние на кои ова не им е доволно, „Mercedes“ понуди и „C63 AMG S“ со V8 мотор кој развива 510 ks (375 kW) и 700 Nm.

Овој модел до „стотка“ забрзува за 4 секунди, а неговата караван верзија за 4.1 секунда.

Кај сите модели максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП