28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Honda Civic подготвена за премиера во Париз (фото)

Новата Honda Civic подготвена за премиера во Париз (фото)

civic 1

„Honda“ по три години го редизајнираше „Civic“ во хечбек и караван верзиите, а палетата на моделот е проширена со верзијата „Sport“, која од стандардните се разликува според надворешноста на дизајнот.

Покрај козметичките промени на надворешноста и во ентериерот, „Civic“ зa 2015-та има и одредени технолошки подобрувања.

„Honda“ суштински не го менуваше дизајнот на автомобилот, но предниот дел е значително променет. „Civic“ доби нови светлосни групи со интересно решение, интегрирани „LED“ дневни светла кои се во рамката на долниот дел на работ на предните светла.

civic 2

Променета е и маската на ладилникот, која сега е поголема од претходно, како и предниот браник.

Задниот браник исто така е редизајниран, како и стоп-светлата кои се опремени со „LED“ технологија.

Промените во внатрешноста главно опфаќаат нови бои и дезени на навлаките и тапацирот.

civic 3

Од новите содржини тука e „Honda Connect“ мултимедијалниот систем со оперативниот систем „Android 4.0.4“ со седуминчен екран и стандардниот „City-Brake Active“ (CTBA) систем.

„CTBA“ системот е дизајниран така да спречува судар при помала брзина во градски сообраќај, или доколку тоа не е возможно, да го забави автомобилот со цел последиците од сударот да бидат минимални.

Системот користи радар кој го скенира патот пред себе и автоматски го запира автомобилот доколку процени дека постои ризик од судар со друго возило, а се активира при брзина до 30 km/h.

civic 4

За купувачите кои би сакале нивниот „Civic“ да изгледа спортски, „Honda“ ја збогати понудата на моделот со верзијата „Sport“, која, како што велат во јапонскиот производител, има одредени стилски елементи дизајнирани според најавената „Type R“ верзија.

„Civic Sport“ има аеродинамички додатоци на предниот браник и праговите, како и заден дифузор и специјално дизајнирани 17 инчни алуминиумски бандажи.

За жал, освен естетските подобрувања, „Honda Civic Sport“ неможе да се пофали со помоќни мотори.

civic 5

Како и стандардната верзија и овој модел ќе биде достапен со 1.8-литарски бензинец со 142 ks и 1.6-литарски „i-DTEC“ дизел агрегат кој произведува 120 ks.

„Honda Civic“ зa 2015-та ќе има премиера на авто-саемот во Париз, а тогаш се очекува да се дознае и датумот со кој ќе стартува продажбата на овој автомобил.

civic 6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП