6 октомври, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.09.2014

Дневен хороскоп 24.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате назначена потреба за доминација. Сонцето и Месечината во добар аспект со Марс ви носат сјајни можности за соработка со некој друг Овен или некој Стрелец. Можеби некој Лав јавно ќе ве предупреди за постапките. Односите во љубовта ќе бидат разлабавени, поправете ја ситуација што поскоро.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Напорен ден во кој ќе морате максимално да се трудите и напрегате да ги убедите соработниците да ги прифатат вашите предлози во врска со работата. Се што е поврзано со пари или некое патување во странство, можеби и нешто во врска со музиката или уметноста, ќе ви донесе некаков вид на сатисфакција и добри перспективи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Родените во овој знак ќе наидат на некое големо изненадување кое сепак ќе ги направи радосни но ќе им ги поремети плановите. Верувате дека можете да убедите некој Овен, Стрелец или Лав да ви пружат уште една шанса. Ќе добиете повик од соработниците кои живеат во странство, не го одбивајте прво слушнете го целосно предлогот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ова за Раковите родени во јуни е прилично напорен ден во кој ќе бидат принудени да тактизираат максимално да се адаптираат во некои околности, кои во овој момент не им се по желба. Верувајте во добрите намери на некој Лав кој се труди да ве увери дека можете да го постигнете она што сте го планирале ако подобро се организирате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате впечаток дека некои нешта не се одвиваат онака како што сакате и се обидувате некако да ги промените. Некои тајни пораки ќе бидат откриени, па затоа внимавајте во иднина на кого му се доверувате. Во вечерните часови обезбедете си малку поинаква забава од секојдневната монотонија.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нагласеното астролошко поле на парите и работата ве прави многу ангажирани, иако вие се обидувате да ги избегнете обврските кои не ги сакате. Можно е појавување во јавност на некој собир на лица кои не ги цените доволно или кои малку ве нервираат. Можете да очекувате поволен развој на ситуацијата на работа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе бидете многу енергични но и претпазливи. Ќе очекувате од другите да ги исполнат вашите барања за нешто поврзано со работата. Планирајте проширување на соработката со некој Бик, Рак или Лав. Во последно време многу го запоставивте партнерот, посветете му повеќе внимание.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ова би можело да биде сјаен ден за повеќето претставници од овој знак доколку тие си дозволат да ги води интуицијата и ако бидат потрпеливи за оние кои на некој начин покажале дека имаат трпение за нив. Денес ќе бидете број еден за делење на корисни совети. Некои Близнаци или Девица можат да бидат прилично напорни соработници, но не грижете се ќе се справите со нив.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На работното место ќе се појават некои нови проекти за кои брзо ќе мора да пронајдете решение. Започнува ново поглавје во вашиот љубовен живот, во кое ќе отсуствуваат жестоките кавги, а ќе царува нераскинлива поврзаност. Не сте во врска? Ова е идеален период за да вложите напори да го запознаете партнерот кој го посакувате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Околината ќе ви подари голема поддршка. Со мали чекори ќе напредувате во специфичните знаења. Тоа всушност ќе се случува со практична работа. Ќе уживате во откривање на нови сознанија, а неретко со воодушевување ќе зборувате што сте сфатиле. Нема сите да ве разберат, затоа внимавајте кому му зборувате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На работното место ситуацијата ќе биде комплицирана, а вие ќе успеете да најдете решение за секој проблем. Одговорите на претходно поставените прашања ќе почнат да пристигнуваат. Сето тоа ве насочува кон понатамошна работа во која може да дојдат до израз некои мали таленти, но и знаењето.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе имате потреба од поголемо изразување на љубов од страна на партнерот. На работното место ќе бидете креативни и ќе понудите безброј идеи и решенија за деликатните проблеми, а за тоа ќе добиете и пофалби и гласни аплаузи. За проблемот кој ве измачува подолго време побарајте помош од семејството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП