29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа овој отповик на Ferrari ќе помислите дека е шега (видео)

За овој отповик на Ferrari ќе помислите дека е шега (видео)

italia fer

Американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот (NHTSA) му нареди на „Ferrari“ да го повлече моделот „458 Italia“ од американскиот пазар поради невообичаено објаснување. Агенцијата утврдила дека поклопецот од багажникот не е можно секогаш да се отвори од внатре, што може да биде опасно доколку некој се најде затворен во него.

Со оглед дека „NHTSA“ е сериозна организација која води сметка за безбедноста на патиштата, соопштението за моделот на „Ferrari“ не е шега, иако можеби изгледа така.

При тестирањето на автомобилот, со оглед дека се земаат во предвид сите можни сценарија, па и тоа дека некој од невнимание самиот ќе се заклучи во багажникот на возилото.

Другата опција е дека лицето е прислно затворено во багажникот, што повеќе личи на некое филмско сценарио, но и тоа е можно.

Багажникот на „Ferrari 458 Italia“, кој се наоѓа на предниот дел на возилото има зафатнина од само 230 литри. Иако е тешко да се замисли дека внатре може да се смести возрасна личност, на следната снимка можете да видите дека и тоа може да се оствари, ако е во прашање дете или некој кој е со помала градба.

Со овој отповик се опфатени околу 3.100 примероци на моделот „458 Italia“, произведени меѓу 2010-та и 2014-та година, како и „Ferrari 458 Italia Spider“ (2010-2013).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП