26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLodgy и Dokker добија Stepway верзии (фото+видео)

Lodgy и Dokker добија Stepway верзии (фото+видео)

stepway

Популарноста на т.н. „крос“ возила ја мотивираше „Daсiа“ на купувачите да им понуди уште два вакви модели. По „Sanderо“, „Stepway“ верзија ќе добијат „Lodgy“ и мултифункционалниот „Dokker“.

Производителите на автомобили се почесто нудат модели кои имаат козметички додатоци по углед на кросовер возилата. Овие додатоци главно служат да подобрување на имиџот на автомобилот и да ги привлечат младите купувачи и оние на кои естетската страна им е важна при изборот на возила.

Исто како „Sanderо Stepway“, двата нови автомобили ќе имаат украсно-заштитни пластични елементи на праговите и крилата, додека на долниот дел на браниците се наоѓаат заштитни плочки во сребрена боја.

stepway1

Во однос на стандардните верзии, „Lodgy“ и „Dokker Stepway“ имаат и нов дизајн на браникот, различни покривни шини, мат сребрени надворешни ретровизори и специјални 16 инчни алуминиумски бандажи.

На купувачите на располагање ќе им бидат пет бои на надворешноста, од кои азурно сината е ексклузивно наменета за „Stepway“ моделите.

„Dacia“ продолжи со претходната практика на видно место на возилото да ја истакне ознаката „Stepway“, така да нема дилеми за каков модел станува збор.

stepway2

Внатрешноста на моделите „Lodgy“ и „Dokker Stepway“ се разликува по различните дезени и боите на тапацирот, како и сините украсни детали на инструмент таблата, вентилациските отвори и воланот.

Како и стандардните верзии на овие две возила, и „Stepway“ моделите се достапни со „Media Nav“ мултимедијалниот уред со екран чувствителен на допир и навигациски систем, клима, темпомат, и мрежа за чување на работи во багажникот.

Моторизацијата на моделот „Lodgy Stepway“ опфаќа по еден бензинец и дизел.

stepway3

Бензинскиот „TCe 115“ е поврзан со петстепен мануелен менувач, а просечната потрошувачка фабрички е декларирана дека изнесува 5,7 l/100 km во верзијата со 5 седишта. Седмоседот троши 5,9 l/100 km.

Во понудата е и дизел мотор „dCi 110“, кој во верзијата со 5 седишта има просечна потрошувачка од 4,4 l/100 km и емитува 116 g CO2/km.

„Dokker Stepway“ има го има дизел агрегатот „dCi 90“, a на францускиот пазар ќе биде достапен и бензинецот „TCe 115“.

stepway5

Дизел верзијата просечно троши 4,5 l/100 km и емитува 118 g/km јаглен-диоксид, додека фабричките податоци покажуваат дека бензинскиот мотор на овој „Dokker“ има потрошувачка од 5,8 l/100 km.

Двата „Setpway“ модели ќе имаат премиера на саемот за автомобили во Париз, а информациите за почетокот на продажбата и цените ќе бидат дополнително соопштени.

До тогаш можете да ги поледнете промотивните видео клипови за „Lodgy“ и „Dokker Stepway“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП