3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПреодниот рок НЕ заврши за Венгер!

Преодниот рок НЕ заврши за Венгер!

arsene 2234

Трансфер пазарот е затворен, но Арсен Венгер се уште не заврши со доведувањето на засилувања, јавуваат англиските медиуми.

Месец дена од затворањето на пазарот слободните играчи имаат простор да пронајдат нов ангажман, а клубовите да се натпреваруваат и дополнително да ги пополнат своите редови.

Поразот во Лигата на шампионите од Дортмунд го „отрезни“ Венгер, кој според информациите на англиските медиуми планира да ја засили дефанзивната линија. Арсенал во текот на летото го продаде Томас Вермален, а негова замена не беше доведена и тоа е една од позициите на кои треба да се посвети внимание.

На Венгер исто така му недостасува и дефанзивен везен играч, па прашање е дали може решението на своите проблеми да го пронајде во слободните играчи?

Вниманието е насочено кон Џозеф Јобо и Диего Лугано!

Некогашниот дефанзивец на Евертон остана без договор со турскиот Фенербахче, а уште за време на неговиот претстој на „Гудисон“ беше поврзуван со преминување во редовите на Арсенал. Јобо има 34 години, поседува искуство од играње во Премиер лигата, но дали тој физички е подготвен за тоа.

Кога е во прашање Диего Лугано, Уругваецот една година е помлад од Јобо, а минатата година ја помина во редовите на ВБА, каде што не покажа забележителни партии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП